МИНЕРВАФИТ е компанија која се занимава со продажба на производи чија цел е подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Воедно, компанијата нуди здрави и органски производи одобрени и сертифицирани од страна на сите релевантни институции, произведени согласно најсовремените принципи на добра производна пракса, кои на корисниците им се достапни преку неколку различни канали на продажба и дистрибуција, како продажба во малопродажни објекти.

МИНЕРВАФИТ обединува широка група на посветени луѓе со повеќегодишно професионално искуство. Докажани менаџери во областа на управувањето и  маркетингот.

Наша Цел

Здравјето е нашето најголемо богатство, а за да го сочуваме денес, навистина ни е потребна голема поддршка! И покрај континуираниот развој на медицината и современото живеење појавата и развојот на кардиоваскуларните болести, рак, депресија, деменција, алергии и автоимуни болести, дебелина или други хронични заболувања се поголеми од било кога во човечката историја и достигнуваат пандемиски размери. За жал, живееме во време во кое големата загаденост на животната средина, стресот и лошите животни навики, а пред се лошата исхрана богата со висококалорична, високопроцесирана, нутритивно-сиромашна храна, директно влијае и ја намалува функцијата на нашите гени, активирајки ги гените кои носат воспаленија и болести и загрозувајки го нашето здравје.

Мисија

Нашата мисија е да му овозможиме на секој поединец, покрај сите фактори од средината, начинот на живот и ограничувањата кои ги носи неговото генетско наследство, да го достигне своето најдобро здравје и психофизичка способност. МИНЕРВАФИТ тоа го овозможува со понуда на висококвалитетна органска и здрава храна. Компанијата нуди високо ниво на ексклузивна грижа за сите свои корисници на производите, кои ги водиме низ мисијата на подобро здравје.

 

 

МИНЕРВАФИТ ДООЕЛ

ул.Борис Сарафов бр.45в-9, 1000 Скопје

info.minervafit@gmail.com

Контакт тел.      077-633-288

Трајанчо Карев