Ладно цедено арганово масло

Производ

Аргановото дрво со неговата широка крошна што држи дебела сенка е едно од најстарите дрвја во светот. Денес, арганот може да се најде во југозападниот дел на Мароко, кадешто шумите се под заштита на биосферските резервати на УНЕСКО.

Заедно, со нашиот Марокански трговски партнер, ние ја поддржуваме култивацијата и пошумувањето на арганот. Не само што дрвјата ја спречуваат дополнителната дефорестација, туку исто така обезбедуваат сигурен приход за локалните жени. Според традицијата, жените од домородната етничка група позната како Бербери со рака ги отвораат тврдите јатки. Потоа, две-три семиња кои изобилуваат со масло ладно се цедат. За да се добие еден литар арганово масло потребни се околу 35 килограми овошје. Поради ова, аргановото масло е едно од најскапите во светот.

Во Европа, аргановото масло се смета за гурманско масло за модерната луксузна кујна и се става на исто ниво како кавијарот и тартуфот. Благото јаткасто масло им дава оригинален ориентален вкус на салатите, зеленчуците и десертите.

Аргновото масло се состои од 80% незаситени масни киселини, во главно олеинска и линолна киселина. Изобилува со природни антиоксиданси, коишто  се прилично ретки во другите зеленчукови масла.

 

 

Ладно цедено кокосово масло

Производ

Овој популарен и сестран производ има долга традиција во Био Планет (BIO PLANÈTE). Како еден од првите производители, ние го пласиравме ова високо квалитетно ладно цедено кокосово масло со потекло од Филипините во продавниците за здрава храна уште од 2006 година.

Ладното цедено кокосово масло содржи голем број на заситени и незаситени масни киселини, особено лауринска киселина. Благодарение на неговата величенствена арома на свеж кокос, маслото допринесува за префинета и егзотична нота во вашите јадења.  Може да се загрева на висока температура што го прави соодветно за пржење и  печење.

Нашето кокосово масло се цеди од зрели органски кокоси веднаш по нивната берба. Маслото не е ниту обезбоено, хидрогенизирано ни дезодоризирано. Квалитетот и свежината се идеално сочувани благодарение на посебно запечатување со ладен вакуум. Налепницата за гаранција на Био Планет (BIO PLANÈTE) дополнително го осигурува беспрекорниот квалитет на нашето масло.

Нашето ладно цедено кокосово масло е исто така достапно во практично, еколошко и економично пакување од 2 литра. Ова економично пакување е идеално за голема употреба во вашиот дом, во ресторани и за производители на природна козметика.

 

 

Ладно цедено сончогледово масло

Производ

Во Био Планет (BIO PLANÈTE), сончогледовото масло има посебна традиција. Тоа е првото масло што го призведил основачот Франц Ј. Мог (Franz J. Moog) во 1984 година.

Нашето ладно цедено сончогледово масло е важен дел од секојдневната балансирана кујна. Во однос на разновидна, балансирана исхрана и здрав начин на живот, како  извор на витамин Е, допринесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Освен тоа, маслото се цени поради високата количина на незаситени масни киселини, како на пример потребната линолна кисенлина.

Сончогледовото масло лесно се вари, а сепак е неверојатно сестрано: тоа е најкорисно во својата природна состојба, на пример со салати или свеж зеленчук и овошје. Неговиот вкус на јаткасти плодови и семки ги подобрува сосовите за салата, сосовите за макање и останатите сосови. Исто така, може внимателно да се загрее и да се користи за готвење на пареа и динстување.

Нашето класично ладно цедено сончогледово масло е достапно во практично, еколошко и економично пакување од 3 литра. Ова економично пакување е идеално за голема употреба во вашиот дом, гастрономскиот бизнис и кантини.

 

 

Ладно цедено масло од сусам

Производ

Отвори се, сезаме! (sesame =  сусам). Во приказната “Али Баба и четириесетте разбојници”, сусамското овошје симболизира богатство. Навистина, вистинско богатство се открива штом сусамовата капсула ќе се отвори: сусамовите семки. Со неговите здравствени бенефиции, вкусното масло што произлегува од овие семки особено се цени во макробиотската кујна.

За го осигураат целосното узревање после берењето, земјоделците ги врзуваат во сноп рачно сечените растенија и ги оставаат во исправена состојба неколку дена. Штом сите капсули ќе се отворат, се тресе сусамот на платно.

За да го произведеме Био Планет (BIO PLANÈTE) маслото од сусам за кое имаме сертификат за фер трговија,  ние ги цедиме чистите, природни семки многу нежно  со цел да се зачува сезамолинот.  Сезамолин е природна оксидирачка заштита што му овозможува на маслото да биде подолготрајно.

Нашето ладно цедено масло од сусам има јаткаст, особено благ вкус. Им дава ароматична, дури и малку азиска арома на вашите јадења. Може да се загрее маслото од сусам и да се користи за подобруање на вкусот на зеленчукот, рибата, оризот и тестенините пред послужување.

 

 

Ладно цедено масло од семки од тиква

Производ

Вкусното ладно цедено масло од семки од тиква на Био Планет (BIO PLANÈTE) се прави користејќи ги исклучиво само маслодајните семки од тиква од областа Стирија. За да се произведе, после бербата, високо квалитетните органски семки од тиква се отстрануваат од тиквата, се мијат, сушат и чистат. Откако ќе поминат само два дена во ладно складиште, тие одат на цедење. За да се зачуваат нивните корисни состојки,  квалитетните семки од тиква од австриската област Стирија ладно се цедат.

Ова благо ладно цедено масло од семки од тиква на Био Планет (BIO PLANÈTE) со јаткаст вкус повеќе го нагласува оригиналниот вкус на вкусното органско масло од семки од тиква отколку маслото од печени семки од тиква. Изобилува со потребните полинезаситени масни киселини и витамин Е, што помага да се заштитат клетките од оксидативен стрес.

Само неколку капки од ова гурманско масло ѝ даваат финиш на било која салата, сос за макање, сос за салата па дури и зелено смуди.

 

 

Ладно цедено масло од семки од лен

Производ

Маслото од семки од лен често се смета за горчливо. Но, ние ги отстрануваме горчливите состојки од нашето масло од семки од лен на природен начин користејќи посебен процес што специјално го создадовме. Мали протеински честички се носители на горчливата нота на маслото од семки од лен. Ние ја искористуваме нивната тридимезионална структура (3D) за да ги прочистиме. Благодарение на овој иновативен процес нашето ладно цедено масло од семки од лен го добива својот уникатен и пријатен благ вкус. Нутритивните придобивки од маслото не се под никакво негативно влијание на процесот на 3D филтрација.

Со 47 грама на 100 милилитри, ладно цеденото масло од семки од лен на Био Планет (BIO PLANÈTE) има особено висока концентрација на алфа-линолна киселина (полинезаситена омега 3 масна киселина). Докажано е дека оваа потребна масна киселина придонесува за нормализирање на нивото на холестерол во крвта. Покрај тоа, може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања и има позитивен ефект на хроничните болести што предизвикуваат  воспаление.

Уживајте во јаткастиот вкус на нашето ладно цедено масло од семки од лен со летен зеленчук или во сосови за макање и кисела павлака што одговараат во комбинација со пекарски компир.

 

 

Ладно цедено масло од црн кумин

Производ

Веќе повеќе од 2 000 години, црниот кумин се користи во Средниот Исток како зачин и како природен лек. Црниот кумин е исто така e познат како “фараонско злато ” и не е поврзан ниту со кимот ни со куминот.

Маслото од црн кумин на Био Планет (BIO PLANÈTE) нежно се цеди од високо квалитетни семиња од Египет и се филтрира само еднаш. Има голема концентрација на полинезаситени масни киселини. Пикантното и вкусно масло од црн кумин добро се вклопува со Ориенталната храна како што се питите, јадења со леблебии, сирење и грав. Благодарение на високиот степен на зрелост на семките, ова масло е лесно сварливо.

СИРУПОТ ОД КУРКУМА е главната состојка на овој златен напиток со зачини. За дополнување на вкусот, додаден е лимон. Со топла или ладна вода, одличен како зимски пунч или летен коктел. Состојки од контролирано органско производство: концентрат од сок од круши 80%, извадок од чај од куркума 9%, цејлон цимет, кардамон, каранфилче, ѓумбир, коријандер, сладок анасон, сладунец, ванила, црн пипер, концентрат од сок од лимон 2%

 

 

 

 

 

Органски СИРУП ОД ЃУМБИР И ЛИМОН, засладен со концентрат од сок од јаболка. Одличен освежувачки напиток, кој може да се припреми со ладна вода, мраз и свежо овошје. Погоден како алтернативен засладувач во чај, компот, овошна салата или јогурт.
Состојки од контролирано органско производство: концентрат од сок од јаболка 70%, извадок од чај од ѓумбир 8%, лимонова трева, кора од лимон 4%, црн пипер, сладунец, пеперминт, хибискус.

 

 

 

 

 

Органски СИРУП ОД ЈАБОЛКА, засладен со концентрат од сок од јаболка. Полијте го со топла вода и ќе добиете одличен зимски напиток. Додадете малку црвено вино и ќе добиете пунч. Може да се користи и како алтернативен засладувач за чај или други слатки јадења.
Состојки од контролирано органско производство: концентрат од сок од јаболка 80%, екстракт од каранфилче и екстракт од кора од цимет.

 

 

 

 

 

Инстант лате напиток од куркума или ‘златно млеко’ е со пријатно зачинет мирис, кој се подготвува во топло (растително) млеко. Лате напитокот доаѓа во два вкуса: куркума ЃУМБИР и куркума ВАНИЛА.
Состојки од контролирано органско производство: куркума 53%, цејлонски цимет, ѓумбир 15%, морско оревче, кардамом, црн пипер.

 

 

 

 

Инстант лате напиток од цвекло е со пријатно зачинет мирис, кој се подготвува во (растително) млеко. Напитокот е погоден како замена за кафе или ужина. Содржи состојки од контролирано органско производство: цвекло 54%, шипинка, морско оревче, каранфилче, чили, ванила и др.

 

 

 

 

 

 

Органски сертифициран производ

Во потрага сте по вашиот нов омилен напиток? Инстант лате напитокот од куркума или „златно млеко“ е жолт прав, кој се подготвува во (растително) млеко.Два начина на подготовка:Едноставна употреба: Измешајте 1 лажичка од мешавината (околу 2 g) во 250 ml (растително) млеко, загрејте и засладете по вкус.Подготовка на златно млеко, по ајурведски рецепт: Измешајте 1 лажичка од паста од куркума* во 250 ml (растително) млеко, загрејте и оставете да врие на среден оган околу 4-5 минути. Додадете 1 лажичка кокосово масло и засладете по желба.*Паста од куркума: измешајте 1 лажица (околу 8 g) од куркума-лате во прав со 30 ml вода, и оставете да врие се додека не се добие паста. Чувајте ја пастата во фрижидер.Зачините не се раствораат комплетно.Состојки од контролирано органско производство: куркума 54%, цејлонски цимет, какао, ѓумбир, ванила 5%, сладок корен, црн бибер.

 

 

Вегански, органски пикантни коцки за супа, со разновидни зачини. Одберете го вашиот фаворит: супа од ЗЕЛЕНЧУК, супа од ЃУМБИР и ПИКАНТНА супа. Едноставни за подготовка, идеални за подобрување на вкусот на супи, сосови и сите видови пикантни јадења.

 

 

 

 

 

 

Органски чај – Смири го стомакот. Поминете моменти без тешкотии и лесно абдоминално чувство. Состојки од контролирано органско производство: слез, пеперминт, маточина, планински чај, невен, ајдучка трева.

 

 

 

 

 

 

 

Органски чај – Смири го грлото. Оваа слатко зачинета мешавина е вистински мелем за грлото. Состојки од контролирано органско производство: цвет од липа, цвет од бозел, шипка, тегавец, слез.

 

 

 

 

 

 

 

Органски чај – Слатки соништа.
Хармонична мешавина од билки за сладок сон. Состојки од контролирано органско производство: ајдучка трева, маточина, листови од капина, лаванда, кора од портокал, сладок анасон.

 

 

 

 

 

 

 

Органски чај – Прочисти го црниот дроб.
Уживајте во освежувачките моменти со оваа совршена комбинација.
Состојки од контролирано органско производство: пеперминт, глуварче, ајдучка трева, сладок анасон, лимонова трева, ким, невен.

 

 

 

 

 

Органски чај – Смири ги нервите. Мешавина со интензивно ароматичен вкус за релаксација и смирување. Состојки од контролирано органско производство: маточина, пеперминт, лаванда, хмељ, синчец, кора од портокал.

 

 

 

 

 

 

 

Органски чај – Детски чај.     По две кесички од различни и внимателно одбрани комбинации на билки, кои децата највеќе ги сакаат: шипинка, цејлон цимет, кора од портокал, пеперминт, круша, етерично масло од мандарина, мајчина душичка, лист од капина, невен, хибискус, јаболка, јагоди, ким, лист од липа, жалфија и многу други.

 

 

 

 

 

 

Органски мелен цимет

Слаткиот вкус на циметот одлично одговара во напиток од ориз, компот или колачи, како и со сите видови суво овошје, чоколадни пијалоци и кафе.

 

 

 

 

 

 

 

 

Органски мелен ѓумбир

Покрај класичната употреба во азиската кујна, ѓумбирот исто така може да се користи за чај, колачи и печива. Совет: колку подолго ѓумбирот се готви, толку е полут.

Високата содржина на етерични масла може да доведе до фомирање на дамки – знак за најдобар квалитет!

 

 

 

 

Органска мелена куркума

Моќен жолт зачин со интензивен вкус.

Совет: загрејте во масло, промешајте и додадете дополнителни состојки.

Високата содржина на етерични масла може да доведе до фомирање на дамки – знак за најдобар квалитет!